Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бил Гејтс вложува милион долари за изработка на потенки кондоми

Бил Гејтс вложува милион долари за изработка на потенки кондоми
За да помогне во борба против сексуално преносливите болести, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс најави дека ќе вложи милион долари за изработка на попријатни видови кондоми. Веке повеќе американски експерти работат на создавање на нови и потенки кондоми од полиуретански полимер. Сепак вниманието на фондацијата Гејтс го привлекло истражувањето на калифорниската лабораторија Апекс медикал технолоџи од Сан Диего, кои проучуваат начини за изработка на кондоми од влакна добиени од тетиви на јунци. Притоа експертите од Сан Диего од Гејтс ќе добијат милион долари за продолжување на истражувањето.  Новите кондоми ќе треба да им овозможат на корисниците многу поголемо задоволство при сексуалниот однос поради потенкиот материјал. Една од работите на кои ќе се внимава е и тоа што новиот материјал повеќе нема да предизвикува алергиски реакции како што тоа може да се случи со сегашните кондоми.
Слично

Поврзани вести