Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бил Гејтс веќе не е најголемиот акционер во Microsoft

Бил Гејтс веќе не е најголемиот акционер во Microsoft
Коосновачот на Microsoft, Бил Гејтс веќе не е најголем поединечен акционер во најголемиот производител на софтвер во светот. Откако во средата Гејтс продаде акции во вредност од околу 186 милиони долари (134 милиони евра), сега долгогодишниот му придружник и поранешен извршен директор Стив Балмер располага со повисок удел во компанијата, пренесе Ројтерс. Промената станува јасна од објавено на берзата во петокот. Гејтс продал 4,6 милиони акции. Во моментов тој се уште има 330 милиони акции, додека Балмер поседува повеќе од 333 милиони акции . Па секој од двајцата држи по околу 4% од Microsoft . Во февруари Балмер поднесе оставка по 14 години во највисокото раководство на групата . Истовремено Гејтс се повлече од функцијата претседател на Управниот одбор . Тој се посветува некое време на борбата против болестите . За таа цел заедно со неговата сопруга тој ја создаде Фондацијата Bill & Melinda Gates во која вложи голем дел од своето богатство.
Слично

Поврзани вести