БИЛ ГЕЈТС ПРОГНОЗИРА-АКУТНАТА ФАЗА НА ПАНДЕМИЈАТА ЗАВРШУВА ВО 2022: Варијантата Омикрон е загфрижувачка
Основачот на
Мајкрософт, Бил Гејтс, на својот блог пишува дека „акутната“ фаза на
пандемијата на коронавирус ќе заврши во 2022 година, но варијанта Омикрон ја
нарече „загрижувачка“.
-Можеби не е мудро да се предвидат работите, но мислам дека акутната фаза на пандемијата ќе биде завршена во одреден момент во 2022 година“, напиша милијардерот на својот блог.
Гејтс наведува дека, и покрај широката употреба на вакцини против ковид ширум светот, повеќе луѓе починале од вирусот во 2021 година отколку во 2020 година, додавајќи дека подобрувањето оваа година не било „драматично“, како што се надевал.
Милијардерот ја нарече појавата на Омикрон „загрижувачка“, но нагласи дека „светот е подобро подготвен да се бори со потенцијално опасните варијанти“ отколку што беше.
