Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бил Гејтс предупредува дека можеби најлошото од пандемијата допрва ќе го видиме

Бил Гејтс предупредува дека можеби најлошото од пандемијата допрва ќе го видиме

Технолошкиот гигант и филантроп, Бил Гејтс вели дека не сака да звучи мрачно, но предупредува дека може да се создаде позаразна варијанта, пренесува Дејли Мејл. 

Рече дека ризикот тоа да се случи е над 5 отсто и светот допрва би го видел најлошото од пандемијата. Но, не е прв пат да даде таква прогноза. 

Во декември 2021 година, оние кои го следат на социјалните мрежи ги предупреди дека најлошото следи.  Тој во 2015 година предупреди дека светот не е подготвен за нова пандемија. 

„Не сакам да бидам глас на пропаста и мракот, но ризикот е далеку над 5 отсто дека ќе го видиме најлошото од оваа пандемија“, вели тој. 

Се проценува дека короната досега убила над 6.2 милиони луѓе, но последните недели  бројот на заразени и смртни случаи опаѓа. 

Слично

Поврзани вести