БИЛ ГЕЈТС ПОЗИТИВЕН НА КОРОНА: Милијардерот ја откри својата здравствена состојба
Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот и голем донатор во борбата против Ковид 19, изјави дека е позитивен на корона вирусот.
Тој во објава на Твитер напишал дека има благи симптоми.
Гејтс (66) рекол дека е во изолација и дека претходно примил вакцина и бустер доза, пренесува „Њујорк тајмс“.
Не е познато дали ова е првпат Гејтс да добие позитивен резултат од тестот.
Рече дека на состанокот на неговата фондација ќе учествува на виртуелен начин.
Слично
