Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бил Гејтс: Парите не ми значат ништо, ќе донирам 95% од богатството за сиромашните

Бил Гејтс: Парите не ми значат ништо, ќе донирам 95% од богатството за сиромашните
„Јас сум сигурен дека имам доволно храна и облека за цел живот,а  парите за мене не претставуваат ништо повеќе во животот. Јас ќе го донирам своето богатство на најсиромашните на светот ", изјави еден од најбогатите луѓе во светот и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс во интервју за Телеграф. Гејтс планира да го донира своето богатство за сиромашните во светот. Во интервјуто за Телеграф, Гејтс открива дека 95 проценти од своето богатство во следните неколку години планира да го даде во  добротворни цели. Неговата желба е со овие пари да се излекува детската парализа и да се олесни достапноста на вакцини против оваа тешка болест. „ Над една одредена точка, парите повеќе не значат ништо за мене во мојот живот. Тие првенствено служат како средство за да се изгради една организација која ќе им овозможи на ресурсите да стигнат до најсиромашните луѓе во земјата ", рече Гејтс, чие богатство се проценува на неверојатни 65 милијарди долари. Запрашан за тоа дали религијата влијаела на донесувањето на оваа одлука, основачот на Мајкрософт одговара дека неговите дела не се условени од религиозни мотиви, туку станува збор за човековото достоинство. „Станува збор за човековото достоинство и еднаквост. Постои златно правило кое вели дека секој живот е еднакво вреден, а со луѓето треба да се постапува онака како што ние би сакале другите да се однесуваат кон нас ", заклучува Гејтс во интервјуто. Семејството Гејтс поседува имот  во близина на езерото во САД, кој вреди 150 милиони долари . Ако навистина Гејтс донира 95 проценти од своето богатство, неговите деца, сепак, ќе го наследат доволно пари кои ќе им овозможат лесен и безгрижен живот.
Слично

Поврзани вести