Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бил Гејтс не застанува, нова рекордна донација

Бил Гејтс не застанува, нова рекордна донација

Милијардерот и најбогат човек на планетата Бил Гејтс не застанува со своите дарежливи донации наменети за добротворни и хуманитарни организации и донираше вкупно 4,6 милијарди долари преку акции во компанијата Microsoft чиј е основач. Со тоа ја направи најголемата донација оваа година. 

Гејтс во 1999 година донираше акции од Microsoft во вредност од 16 милијарди долари, а во 2000 година донираше 5,1 милијарда. Со својата сопруга од 1994 година донираа вкупно околу 35 милијарди долари во добротворни цели. Тој сѐ уште е еден од најбогатите луѓе во светот, а вредноста на неговото богатство се проценува на 86,1 милијарда долари.

Новата донација најверојатно е наменета за фондацијата предводена од него и неговата сопруга, па се очекува средствата да се пренаменат за хуманитарни цели на различни проекти кои се водат пред се во Африка за нова кампања за борба со маларијата, но и на останати критички точки низ светот.

Слично

Поврзани вести