Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЛ БРАУДЕР КАЖА ЗОШТО НАВАЛНИ УМРЕ ТОКМУ НА 16. ФЕВРУАРИ: „Путин им испрати порака на учесниците на Конференцијата за безбедност во Минхен“

БИЛ БРАУДЕР КАЖА ЗОШТО НАВАЛНИ УМРЕ ТОКМУ НА 16. ФЕВРУАРИ: „Путин им испрати порака на учесниците на Конференцијата за безбедност во Минхен“

Американецот Вилијам Феликс Браудер, попознат како Бил Браудер, 59-годишниот главен извршен директор и ко-основач на инвестицискиот фонд и компанијата за управување со средства „Ермитаж Капитал Менаџмент“, своевремено најголемиот странски инвеститор во Русија, рече за време на гостувањето во Скај њуз дека има три причини поради кои вчера почина рускиот политичар и најголем критичар на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, Алексеј Навални.

Пред сè - Браудер верува дека Навални е мртов затоа што Путин сакал да елиминира политички ривал. Второ, Американецот смета дека рускиот претседател сакал да им покаже на Русите дека смртта ќе го стигне секој што ќе му се спротивстави, пренесува Јутарњи лист.

На крајот, тој смета дека смртта на Навални е порака до сите учесници на глобалната безбедносна конференција што се одржува од 16 до 18 февруари во Минхен, а на која присуствува и потпретседателот на Соединетите Американски Држави , Камала Харис, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, претседателката на Комисијата на Европската унија Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и десетици други светски лидери. Браудер смета дека Путин сакал да им каже дека може да ја премине секоја „црвена линија“ и „да се извлече“.

„Убиството на личност што ја познавав, почитував и со која работев, што се случи среде бел ден, е голем шок за системот. Да не се лажеме - убиен е, не умре. Тој беше убиен од Владимир Путин“, рече Браудер.


Слично

Поврзани вести