Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИ ЗАГИНАЛЕ ИЛЈАДНИЦИ КУБАНЦИ И АМЕРИКАНЦИ: Куба се плаши дека САД ќе нападне

БИ ЗАГИНАЛЕ ИЛЈАДНИЦИ КУБАНЦИ И АМЕРИКАНЦИ: Куба се плаши дека САД ќе нападне

Куба предупредува на можен американски воен напад.

Расте опасноста од судир меѓу САД и Куба, откако Хавана го обвини Вашингтон за притисоци и закани со агресија, додека преговорите меѓу двете земји не носат значителен напредок.

Заменичката на кубанскиот министер за надворешни работи, Хосефина Видал, изјави во Хавана дека ризикот од американска воена агресија се зголемува. 

Вели дека Вашингтон измислува изговори за да ја претстави Куба како закана за националната безбедност на САД и на тој начин да оправда евентуална агресија.

„Секој ден расте опасноста од воена агресија против Куба“, изјавила Видал.

Вели дека комуникацискиот канал меѓу двете влади останува отворен, но речиси и да нема конкретен напредок.

„Каналот за размена меѓу двете влади останува отворен, но нема многу напредок. Имаме причини да се сомневаме во сериозноста и одговорноста на владата на Соединетите Американски Држави“, додала таа.

Од Хавана тврдат дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп практично вовела блокада врз островот преку закани со санкции кон земјите што ја снабдуваат Куба со гориво. Според кубанските власти, таквиот притисок довел до прекини на електричната енергија и дополнително ја продлабочил најтешката криза во земјата во последните децении.

Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно изјави дека е уверен дека дијалогот почнат во март ќе даде добри резултати. Кубанските власти, сепак, порачаа дека нема да дозволат мешање во внатрешните работи на државата и го обвинија Вашингтон за недостиг на добра волја.

Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез предупредил дека секој воен потег би довел до крвопролевање во кое би загинале илјадници Кубанци и Американци. 

Во најновата ескалација на притисокот, американските власти формално го обвиниле поранешниот кубански лидер Раул Кастро по четири точки за убиство, поврзани со соборувањето цивилни авиони управувани од кубански емигранти од Мајами во 1996 година.

Слично

Поврзани вести