„БИ САКАЛ ДА СИ ТУКА“: Маск и Трамп во ново видео тагуват еден по друг - вештачката интелигенција повторно воодушевува
По бројните препукувања на социјалните мрежи меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и неговиот довчерашен близок соработник, милјардерот Илон Маск, по караницата и разидувањата поттикнати од новиот закон на Трамп на социјалните мрежи се појави видео креирано со помош на вештачката интелигенција.
Видеото во чија позадина се слуша безвременската балада на легендарните „Пинк Флојд“ – Wish you were here (Би сакал да си тука)! ги прикажува поранешните соработници во „филм“ во кој двајцата пријатели тагуваат еден по друг бидејќи се разделени поради новите предизвици.
Маск е претставен како освојувач и претседател на Марс, додека Трамп останува на Земјата. По долги години носталгија, Маск се враќа кај својот пријател кој е во болничка постела.
Погледнете и сами:
Наспроти носталгичното видео, овие неколку дена двајцата не се штедеа во навредите еден кон друг.
Трамп го обвини Маск дека прекумерно користи дрога, а милијардерот инсинуираше дека американскиот претседател во минатото бил дел од друштвото на сексуалниот предатор Џефри Епстајн.
Од моментот кога Трамп стана претседател на САД се појавија неколку видеа, кои и самиот ги објави на социјалните мрежи, на различни теми, како претворањето на Газа во туристички центар, но и други креации.
