Економија, финансии, бизнис

Контакт

Би-Би-Си: Кинески авиони повторно ја поминаа средната линија кон Тајван

Би-Би-Си: Кинески авиони повторно ја поминаа средната линија кон Тајван

Како што објави Би-Би-Си повикувајќи се на информации од тајванското Министерство за одбрана кое денеска соопшти дека „повеќе“ кинески бродови и авиони втор ден по ред ја преминале средната линија на Тајванскиот Теснец.

Тајвански извор информиран за ова прашање изјави за Ројтерс дека околу 10 бродови на кинеската морнарица ја преминале средната линија и останале во областа во петокот наутро, а околу 20 кинески воени авиони, исто така, накратко ја преминале линијата.

Бродовите на морнарицата на Тајван остануваат блиску за да ги следат активностите на кинеската морнарица, додаде изворот.

Средната линија е неформалната линија на поделба помеѓу Кина и Тајван.

Фото: Принскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести