БИ-БИ-СИ ГИ ПРЕНЕСУВАШЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКИТЕ СЦЕНИ, ПА ДЕНЕСКА СЕ ИЗВИНИ: Цел свет ја виде борбата на Ериксен за живот
ТВ гигантот Би-Би-Си
утринава им се извини на своите гледачи кои беа сведоци на шокантните сцени од
борбата за животот на Кристијан Ериксен за време на преносот на натпреварот
Данска - Финска, што го направи овој британски сервис
Милиони навивачи и гледачи ширум Европа веќе ги осудија организаторите на преносот, кои и покрај болната сцена, скоро цело време го снимаа онесвестениот Ериксен, а Би-Би-Си беше една од телевизиите што директно пренесуваше од „Паркен“, стадионот во Копенхаген.
-Така, гледачите можеа да ги видат расплаканите и шокирани играчи на Данска како стојат над нивниот пријател, и скоро вкочанетото тело на Ериксен, како и лекарите кои со натчовечки напори се бореа за неговиот живот, па дури и го загубија во еден момент. Вознемирувачки сцени го обиколија светот, направена е штета, а Би-Би-Си е една од првите ТВ-станици што се извини, пренесуваат данските медиуми.
- Се извинуваме на сите што беа вознемирени од сцените од ТВ-преносот. Снимките во рамките на стадионот ги контролира УЕФА, и штом натпреварот беше одложен, ги преземавме сите снимки што е можно побрзо - изјавија од националниот британски радиодифузер.
