БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ ЗА СТРАНСКИТЕ БОРЦИ: Зеленски го олесни приклучувањето во Меѓународната легија
Киев од денеска
ги укинува условите за влез за секој што сака да се пријави во
странската легија.
Странците кои сакаат да отпатуваат во Украина и да се приклучат на Меѓународната легија за борба против Русија, можат да го сторат тоа без виза почнувајќи од 1. март, објави во претседателот Володимир Зеленски.
Наредбата на Зеленски воспоставува безвизен режим за времетраењето на сегашната вонредна состојба и и наложува на украинската влада веднаш да започне со негово спроведување.
Единствен исклучок е направен за граѓаните на, како што наведува РТ, „државата агресор“, што значи дека сите руски државјани кои би сакале да застанат на страната на Киев во конфликтот не се добредојдени.
Украинскиот претседател во неделата го најави формирањето на Меѓународната легија за територијална одбрана на Украина – посебна единица составена целосно од странски доброволци.
„Владата на Украина ги поканува сите странци кои сакаат да се приклучат на отпорот на руските окупатори и да ја заштитат светската безбедност да дојдат во нашата држава и да се приклучат на редовите на Територијалните одбранбени сили“, рече Зеленски, поканувајќи ги сите што сакаат да „застанат рамо до рамо“ со Украинците да го сторат тоа.
Москва ја нападна Украина минатата недела, во потег што претседателот Владимир Путин го оправда со потребата да се демилитаризира и „денацифицира“ режимот во Киев. Зеленски ја обвини Русија за неиспровоцирана инвазија. САД, Велика Британија и ЕУ силно ја поддржуваат Украина, воведувајќи најстроги санкции против Русија, а ветија и поддршка во форма на оружје и муниција - но не и војници.
ФОТО: MIKHAIL PALINCHAK/EPA