Бездомник награден затоа што вратил паричник
Италијанскиот бездомник Воралоп на возраст од 44 години нашол паричник и го вратил на сопственикот иако бил без скршена пара во себе.
Паричникот со сите документи и пари внатре го однел во полиција, пишува Метро.
Сопственикот Нити Понгкрианџос бил среќен затоа што го добил паричникот и за возраст на бездомникот му пронашол работа во фабрика во Бангкок. Прво мислел да му даде пари, но потоа сфатил дека е подобро да му најде работа.
Сега бездомникот е вработен, зема плата за својот труд и има обезбедено сместување во Бангкок.
„Благодарен сум што имав можност да го променам својот живот и сум благодарен за љубезноста“ - вели бездомникот.
Објаснува дека е среќен затоа што сега има нормални услови за живот.
Слично
