Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бездомник доби дрес од Меси, а навивачите аплаудираа на слеп човек кој се радуваше на фудбалскиот успех

Бездомник доби дрес од Меси, а навивачите аплаудираа на слеп човек кој се радуваше на фудбалскиот успех

Аргентинците расплакаа бездомник, кому му подарија дрес од познатиот фудбалер Лионел Меси.

Човекот падна на колена и заплака. Навивачите кои одеа на дочекот на фудбалерите, забележаа дека на балкон од една зграда стои слеп човек за да ја почувствува атмосферата, по што почнаа да му ракоплескаат. 

Капитенот на репрезентацијата Лионел Меси, победата на Светското првенство во Катар им ја посвети на навивачите, но и на поранешниот сега  веќе покоен позант фудбалер Диего Марадона. 

„Пехарот им припаѓа на сите што не го освоиле на претходните светски првенства“, рече тој. 

Аргентина во неделата ја совлада Франција во финалето на Светското првенство во Катар. Меси е прогласен за најдобар играч на Светското првенство.

Аргентина по трет пат во историјата е светски шампион. Претходно, Аргентинците беа светски шампиони во 1978 и 1986 година.

Неколку млади луѓе се качија на Обелиск, споменик висок 71.5 метри во Буенос Аирес и таму ги вееја аргентинските знамиња.

Инаку, младо момче загина откако знамето кое му било врзано за вратот, се закачило на тркалото од моторот кој го управувал и го задавило. 

Телевизор ќе добие 83 годишен човек кој пред излог на продавница го следеше првенството. 

Слично

Поврзани вести