БЕЗБЕДНОСТ НА ИНТЕРНЕТ: Еве неколку совети кои може да ги примените!
Веќе некое време Интернетот е место каде се одвива значаен дел од нашиот приватен и деловен живот. Различни платформи за комуникација, електронско банкарство, бројни апликации и социјални мрежи се само дел од помагалата во секојдневната комуникација, решавањето на обврските, како и во забавата во слободното време.
Сепак, досега сигурно сте налетале барем еднаш на линкови и реклами со сомнителна содржина во кои секогаш сте „среќниот добитник на неверојатна награда“ или, од друга страна, со мејлови од големи компании кои одеднаш бараат вашите лични податоци. Злонамерните хакери користат дигитални вируси и различни методи за сајбер напади за да ги намамат лековерните доброволно да им дадат податоци.
Живееме во ера на забрзана дигитализација, која не само што внесува новини во дигиталниот простор, туку и значително го менува начинот на живот во реалниот свет. Безбедноста на Интернет, како и во реалниот свет, е една од најважните теми и не засега сите нас.
Еве неколку совети како да се заштитите во дигиталниот простор.
Дали сте слушнале за некој кој по пораката дека станал милионитиот посетител на страницата, всушност добил парична награда? Не треба да верувате во понудите од неименувани извори за лажни наградни игри.
Се почесто се случува преку СМС и апликации за комуникација да добиваме пораки и линкови од некој бренд. Доколку се сомневате во автентичноста на изворот, не треба да кликнете на понудената врска.
Сајбер-криминалците имаат поголеми шанси успешно да ги украдат вашите податоци ако имате едноставна лозинка. Затоа е важно да поставите силна и единствена лозинка за секоја апликација и социјална мрежа, која треба да содржи бројки, знаци и мешавина од големи и мали букви.
Никогаш не треба да ја испраќате вашата лозинка преку е-пошта или други средства за онлајн комуникација, бидејќи така се памети во дигиталниот свет. Меѓутоа, ако се сомневате дека некој пристапил до една од вашите апликации, сменете ја лозинката што е можно поскоро.
Меѓутоа, ако се случи сајбер напаѓачот да успее да ја добие вашата лозинка, постои решение и за тоа. Многу апликации сега нудат опција за дополнителна заштита: проверка во два чекора. Откако ќе се најавите на вашата сметка користејќи ја вашата лозинка, ќе добиете единствен код преку повик или СМС порака на вашиот телефонски број, со кој треба да ја потврдите автентичноста на вашето најавување. На овој начин, ќе добивате информации секогаш кога некој ќе се обиде да добие неовластен пристап до вашата сметка.
Кога пристапувате до страница за која не сте сигурни дека е доверлива, не треба да оставате лични податоци, чувствителни информации и броеви на банкарски сметки.
Злонамерните хакери често се „маскираат“ во познати компании, организации или институции, а нивната цел е да ги украдат вашите податоци користејќи пораки што содржат линкови до вируси. Ваквите злонамерни пораки можете да ги препознаете по стилски грешки во речениците, како и по лош правопис и граматика. Дополнително, ако сè уште се сомневате во автентичноста на изворот, можете да отидете на официјалната веб-страница на компанијата и да проверите дали информациите таму се совпаѓаат со пораката што сте ја примиле.
Да се биде добро информиран, следењето на трендовите за сајбер напади и дополнителното образование се три клучни работи што ќе ви помогнат да ги изберете најдобрите механизми за заштита на уредите.
