БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО УКРАИНА: Макрон кажа кога тоа ќе се случи
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека безбедносните сили ќе бидат распоредени во Украина по мировниот договор.
Макрон вели дека идејата дошла од Британија и Франција на барање на Украина.
Францускиот претседател посочи дека неколку земји ќе учествуваат во силите – но тие нема да бидат распоредени на линијата на контакт, туку во „стратешки области“.
Тој, исто така, рече дека не сите земји на состанокот на Коалицијата на волјата изразиле желба да учествуваат.
„Тоа не е едногласно. Не ни треба едногласност за да го оствариме тоа. Оваа сила за стабилност не треба да ги замени мировните сили на линијата на контакт или силната и стабилна украинска армија“, додаде Макрон.
Рече дека дополнителни разговори ќе има на темата. Европските сојузници на Украина, на денешниот состанок во Париз, едногласно се изјаснија против какво било укинување на санкциите кон Русија. Москва денеска остро се спротивстави на распоредувањето западни мировници во Украина, предупредувајќи дека тој потег може да доведе до директен конфликт меѓу Русија и НАТО.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
фото принтскрин
