Економија, финансии, бизнис

Контакт

Безбедносни пропусти на аеродромот, од каде полета рускиот авион

Безбедносни пропусти на аеродромот, од каде полета рускиот авион

На аеродромот во египетското летувалиште Шарм ел Шејк, од каде полета рускиот авион, што со 224 патници и членови на екипажот минатиот викенд се урна во Синајската пустина, долго време имало безбедносни пропусти, јавија американските медиуми, повикувајќи се на изјави на седум неименувани претставници на аеродромот, кои учествувале во активносит на неговото обезбедување.

Светските медиуми пишуваат дека безбедноста на аеродромот во Шарм ел Шеик е на опасно ниско ниво, при што проблеми има како со персоналот, така и со техничката опременост.

Според изјавите на претставниците, на аеродромот имало земање поткуп за багажи, во кои на рентген се гледало дека има наркотици или оружје.

Понекогаш клучниот скенер за преглед на багажите по нивното чекирање бил надвор од употреба.скенерот за проверка на багажот не работел во зоната за товар – според еден од вработените, го исклучувале за „да се заштеди на струја“.

Седуммина вработени на аеродромот, од кои некои работат повеќе од десетина години, раскажаа дека и покрај многубројните жалби во врска со расипаниот скенер, раководството на аеродромот сепак не го заменило. Причините за падот на рускиот авион се уште не се целосно потврдени, а податоците од црната кутија укажува дека се работи за бомба. Има неколку теории за тоа кој и како ја вметнал бомбата. Една е дека вработен во аеродромот учевствувал во поставувањето на бомбата и тој ја внел во багажот, како што пишува „Франс 2″. „Дејли меил” пак се сомнева во големите пропусти на аеродромското обезбедување, кој незнаејќи би можеле да го пуштат некој да ја постави бомбата. Можно е експлозивот да е внесен во течна состојба, бидејќи според кажувањата на туристите, во авионот можело лесно да се внесат шишиња со течности.
Слично

Поврзани вести