Економија, финансии, бизнис

Контакт

Безбеден кредитниот рејтинг на Австралија

Безбеден кредитниот рејтинг на Австралија
Врвниот кредитен рејтинг на Австралија е безбеден, наспроти растот на долговите на домаќинствата и преголемата зависност на банките од странските соседи, соопшти бонитетната агенција Стандард и Пурс. Агенцијата наведува дека економската отпорност на Австралија, која избегна рецесија во текот на глобалната финансиска криза, не е само работа на среќа и на обилните резерви на руда и енергенси. Иако секторот за рударство значително придонесува на австралиското стопанство, Стандард и Пурс наведува дека земјата има силни економски основи кои одат во прилог на нејзиниот врвен рејтинг, а тие вклучуваат силна и отворена економија, стабилни институции и ниско ниво на јавниот долг.
Слично

Поврзани вести