Без работа 2,8 милиони Германци
Стапката на невработеност во Германија во август се зголеми на 6,4 одсто, но пазарот на труд и понатаму е силен, соопшти германската Федерална агенција за работа.
Во август без работа биле 2.796.000 лица , што е за 23.000 повеќе отколку во јули, наведуваат во соопштението.
Стапката на невработеност во јули била 6,3 одсто. Прилагодени сезонски движења, бројот на невработени всушност паднал за 7.000.
Германија е најсилна европска економија и нејзиниот пазар на труд е значајно постабилен во однос на други европски земји, посебно на југот на Европа, во кои нвработеноста е значајно поголема.
Слично
