Без НАТО војници Украина ќе почне да ги губи позициите?
Украина ќе падне без испраќање војници на НАТО, вели потполковникот на американската армија Тони Шафер.
Објаснува дека украинските вооружени сили наскоро ќе почнат да ги губат позициите.
„Украинците нема да можат да ја добијат битката за Бахмут, ниту во долготрајна војна без дополнителни копнени сили однадвор – американски или НАТО“, рече поранешниот американски разузнавач во интервјуто со новинарот Стивен Гарднер.
Вели дека оваа негативна прогноза е крајно незгодна за Вашингтон, но се заснова на реални факти, пренесе Танјуг.
Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. Со месеци се водат жестоки битки за освојување на градот Бахмут.
Слично
