Без мигранти Британија нема да има пристап до слободната трговија?
Ако Британија не им го овозможи на граѓаните од Европската унија правото на движење во земјата, Франција е подготвена да стигне уште подалеку, така што нема да им го овозможи на британските банки и другите финансиски институции правото да прават бизнис во Европа, пишува весникот Express.
Само три земји-членки на ЕУ - Данска, Австрија и Бугарија, се смета дека ја споделуваат загриженоста на Велика Британија за имиграцијата, покажува истражувањето на Bloomberg.
Премиерот на Велика Британија Тереза Меј вети тешки преговори со Европа, за да го ограничи протокот на мигранти кои доаѓаат од еврозоната. Неколку источни земји во блокот, вклучувајќи ја Грција, сакаат Британија да продолжи да учествува во буџетот на ЕУ, на кој тие многу се потпираат додека поранешните советски држави бараат гаранции за безбедност против руската агресија.
Сигурно е дека барањето на Шпанија за заеднички суверенитет над Гибралтар ќе биде одбиено. „Обединетото Кралство е главна светска економија и има силни позиции за договарање во овие преговори“, истакна извор од британската влада во средата. Тој додаде: „ЕУ е на работ на нова валутна, финансиска и политичка криза, а бирократијата треба да покаже повеќе скромност“.
