Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕЗ ЛУКСУЗИРАЊЕ: На Русите за скромен живот месечно им требаат најмалку 330 евра!

БЕЗ ЛУКСУЗИРАЊЕ: На Русите за скромен живот месечно им требаат најмалку 330 евра!

На Руски граѓанин за скромен живот, без никаков луксуз, му се потребни најмалку 23.000 рубљи (330 евра) месечно, покажа анкетата на Сверускиот центар за истражување на јавното мислење во кое учествувале жители и социолози во таа земја.

Истражувањето е направено со цел да се утврди колку пари се доволни за живот и зад која граница почнува сиромаштијата. пренесува Finmarket.ru.

При истражувањето, од учесниците на анкетата е барано самостојно да се одреди сумата неопходна за задоволување на потребите и сумата која би ги присилила луѓето да бараат помош. Според проценката на просечен Русин, за живот во текот на месец дена потребно е да се имаат околу 23 000 рубљи. Жителите на Москва и Санкт Петербург наведувале значајно повисоки цифри (25.153 рубљи) отколку жителите на селата (17.414 рубљи).4

Сиромашни семејства се оние со просечни приходи од 11.173 рубљи (143 евра) по член. Жителите на Москва, Санкт Петербург и други милионски  градови, прагот на сиромаштијата сметаат дека изнесува од 12.491 и 13.045 рубљи додека во малите градови и села тие суми се помеѓу 10.457 и 10.050 рубљи. Оние кои „едвај врзуваат крај со крај“ и понекогаш немаат средства да купат храна, ја сметаат сумата на прагот на сиромаштво од 17.517 рубљи месечно.

Материјално подобро стоечките се сколни таа граница да ја спуштат - на 10.258 рубљи, укажува Центарот за руски истражувања на јавното мислење.

Официјално, за сиромашни во Русија се сметаат граѓани со приходи под егзистенцијалниот минимум, кој оваа година е проценет на 9700 рубљи (140 евра) месечно, односно 320 рубљи (4,6 евра) дневно, наведува Finmarket.ru.

Слично

Поврзани вести