БЕЗ КОВИД ПОТВРДА НЕМА ВЛЕЗ ВО РЕСТОРАН, НИ ТЕРЕТАНА: Полни болниците во Швајцарија, мерките се заоструваат
Швајцарските граѓани ќе мора да покажат потврди за ковид-вирус за да можат да влегуваат во барови, во фитнес центри и ресторани, одлучи швајцарската влада, во обид да го намали притисокот врз болниците во четвртиот бран на пандемија.
Минатата недела, владата ја одложи мерката, која првично треба да биде во сила четири месеци, поради јавни дебати за тоа дали таа премногу задира во граѓанските слободи.
Меѓутоа, ако ситуацијата во болницата е напната и некои мораа да ги одложат операциите, владата сепак е решена да го тестира планот во дело.
- Ситуацијата е нестабилна, со повеќе од 3.500 новооткриени случаи - рече министерот за здравство Ален Берсет, за новинарите во Берн и додаде:
Потврдата за Ковид во Швајцарија е доказ за вакцинација, закрепнување од инфекција или негативен тест.Угостителите ја критикуваа мерката, проценувајќи дека тоа ќе му наштети на бизнисот во моментот кога пандемијата почна да покажува знаци на олеснување.
