Економија, финансии, бизнис

Контакт

Без храна, вода и лекови, Зеленски вели дека 100.000 луѓе се заробени во урнатините во Мариупол

Без храна, вода и лекови, Зеленски вели дека 100.000 луѓе се заробени во урнатините во Мариупол

Приближно 100.000 луѓе се заробени во урнатините во Мариупол, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. Овие луѓе немаат храна, вода, лекови. 

Toj денеска преку видео конференциска врска зборуваше пред француското Национално собрание и Сенат, нагласувајќи дека  „Мариупол и другите погодени градови потсетуваат на урнатините на Верден“, јави дописникот на МИА.

„Рено, Ошан, Лерој Мерлин мора да престанат да ја спонзорираат руската воена машина. Мора да престанат да финансираат убиства на деца и жени. Секој мора да запомни дека вредностите се повредни од профитот“, рече Зеленски.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за дипломатскиот ќор-сокак.

Јапонија ќе разгледа воведување дополнителни санкции кон Русија, изјави денеска премиерот Фумио Кишида, по обраќањето на украинскиот претседател Володомир Зеленски во јапонскиот парламент.

Мариупол е во многу лоша состојба, и над 80 отсто од зградите се уништени. 

Слично

Поврзани вести