Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесрамно не крадат: Намерно изработуваат уреди со грешка!

Бесрамно не крадат: Намерно изработуваат уреди со грешка!

Извештајот на Европскиот потрошувачки центар ЦЕЦ, покажува дека денес производите намерно се неквалитетни за да се расипат побрзо, т.е. да се купува што почесто. Во извештајот Програмирана дотраеност, продукт на потрошувачкото општество, кој го објави францускиот весник Ле Монд, стои дека главно се работи за функционални грешки, кои се наоѓаат во речиси сите електрични и електронски производи. Поточно, се произведува на тој начин што ако откаже само еден негов дел, целиот производ престанува да работи.

ЦЕЦ така тврди дека денешните машни за перење се програмирани на само 2 до 2,5 илјади перења, бидејќи барабанот се произведува од пластика, а не од инокс. Кугличните лежишта се вградуваат во барабанот, па кога ќе се расипат, потрошувачот мора да го менува целиот барабан, или да купи нова машина.

Телевизорите се програмирани да работат 20.000 часа, а слично се случува и со мобилните телефони и смартфоните.

Исто така, често не е можно воопшто да се најде дел за замена, бидејќи тој повеќе не се произведува, па потрошувачот е принуден да купи целосно нов производ.

Така со себе 21 век донесе производи со многу полош квалитет од нивните претходници. ЦЕЦ затоа побара од Европската унија да го реши тој проблем со посебен закон.

Слично

Поврзани вести