Бесплатни патувања за студентите во Париз, Венеција и Барселона
Покрај најавениот бесплатен превоз за студентите, премиерот Никола Груевски во предизборната трка најави уште еден проект. Со него се предвидува сите студенти со просек над 9,5 кои студираат на првите три универзитети според Шангајската листа да можат бесплатно да патуваат во Париз, Венеција или Барселона.
-За сите студенти што имаат просек над 9,5 на првите три рангирани универзитети, државата ќе обезбеди бесплатно патување со авион и ќе го покрие целото патување, вклучувајќи сместување, храна, авионски превоз и се останато што влегува во еден таков аранжман. Македонските студенти ќе имаат можност да посетат три дестинации за кои проценивме дека се меѓу најатрактивните за патување на младите, Париз, Венеција и Барселона, изјави Груевски.
Овие патувања стартуваат од следната година. Првата тура ќе биде во во мај-јуни, а втората во септември.
Претходно, премиерот најави бесплатен превоз за студентите на државните факултети во сите градови во кои има организиран јавен превоз.
