Бесплатана храна на два ката, тераса со спектакуларен поглед, 2434 простории за одмор и соби за дремка: дали ова е работниот простор од соништата?
Канцелариите на Google во срцето на Лондон важат за едни од најиновативните и најинспиративните работни простори во Европа.
Како навистина изгледа да работите таму, преку видео тура откри психологот Татјана Бонджулиќ, која ги сподели своите впечатоци од посетата на импресивната зграда.
Влез само со покана
За да влезете во зградата на Google, не е доволно само да се појавите на рецепција. Потребно е да бидете поканети од вработен, по што добивате специјална пропусница. Безбедносните протоколи се строги, а снимањето на работните канцеларии не е дозволено, со цел да се заштити приватноста и проектите на тимовите.
10 ката креативност во центарот на градот
Зградата се наоѓа во центарот на Лондон и се протега на 10 спратови. Веднаш при влезот се забележуваат препознатливите детали – стаклените површини украсени со шарена самолеплива хартија во форма на симболи, што му даваат разигран и модерен изглед на просторот.
Во продолжение повеќе на Женски Магазин.