Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕСИЛКИ ЗА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО ИРАН, ЕГЗЕКУТИРАН И ПОЗНАТИОТ РАПЕР: Смртни казни за „непослушните“

БЕСИЛКИ ЗА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО ИРАН, ЕГЗЕКУТИРАН И ПОЗНАТИОТ РАПЕР: Смртни казни за „непослушните“

Иранскиот весник „Етемад“ ја објави листата со имињата на 25 демонстранти кои се обвинети за учество во големите демонстрации во Иран. Тие се соочуваат со смртна казна, а завчера беше извршена и првата егзекуција, односно на смрт со бесење беше осуден познатиот рапер Мохсен Шекари. 23-годишниот музичар беше осуден за наводен напад врз припадник на безбедносните

-Денеска додека светот спиеше, исламскиот режим во Иран погуби 23-годишен демонстрант по име Мохсен Шекари, стои на социјалните мрежи.


Новинската агенција Мизан објави дека на Револуционерниот суд му било кажано дека Мохсен Шекари ја блокирал улицата Сатар Кан во Техеран на 25 септември и употребил мачета за да нападне припадник на силите на отпорот Басиџ, доброволни паравоени сили често распоредени за задушување на протестите.

На 1 ноември, судот го прогласи Шекари за виновен за тепачка и употреба на оружје „со намера да убие, да предизвика терор и да го наруши редот и безбедноста на општеството“ и го осуди за „непријателство кон Бога“, јавува Би-Би-Си.

Досега, судството соопшти дека уште 10 лица се осудени на смрт од страна на Револуционерните судови под обвинение за „непријателство против Бога“ или „корупција на Земјата“ во врска со протестите.


Слично

Поврзани вести