БЕШЕ ТУРИСТИЧКИ РАЈ: Сега власта крена раце од овој град
Кастел Волтруно, меѓу Рим и Неапол, беше туристички рај, а потоа станал центар на нигериската мафија во Италија и Европа.
Тука некогаш имало туристички рај за семеен одмор. Но, денес Кастел Волтурно е град од кој и властите кренале раце.
Покрај италијанската мафија, тука последните години се наметна и нигериската мафија. Давиде, некогашен член на еден од нигериските кланови, а денес доушник на полицијата кој не сака да му се споменува името, вели дека двете мафии со различни етнички предзнаци добро се дополнуваат. Всушност Камора - како што се нарекува мафијата во тој дел на Италија - го препуштила тоа градче на нигериските банди.Нигеријците тука вртат милиони, пред се од шверц на дрога и принудна проституција.
Слично
