Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беше толку силно што ми падна тула врз автомобилот - уште еден земјотрес во светот

Беше толку силно што ми падна тула врз автомобилот - уште еден земјотрес во светот

По Авганистан, силен земјотрес денеска имаше во Аргентина. 

Земјотрес со јачина од 6,4 степени е регистриран на аргентинските Анди. Овој земјотрес го стресе и Чиле.  Епицентарот е близу градот Јужуј.

„Беше толку силно што ми падна тула врз автомобилот“, напиша еден граѓанин на Јужуј на веб-страницата на EMSC.
Вчера се стресе Авганистан, но и соседните земји, при што има повеќе од 13 загинати. Оваа година имаше силни земјотреси во Турција, Сирија, Еквадор, кои однесоа луѓе во смрт. Над 50.000 луѓе во февруари загинаа во Турција при земјотрес. 

Слично

Поврзани вести