Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беше прва земја по бројот на вакцинирани, сега е прва по бројот на заразени: Израел се отвора за туристите

Беше прва земја по бројот на вакцинирани, сега е прва по бројот на заразени: Израел се отвора за туристите

Министерството сѐ уште не објави кога туристите ќе можат да доаѓаат поединечно. Како што е наведено, нема да има ограничувања за бројот на странски групи што можат да влезат во Израел.

Израел повторно ќе ги отвори вратите за групи странски туристи на 19 септември, по пауза поради новиот бран на инфекција со корона вирус, објавија денеска властите.

Благодарение на брзата и масовна кампања за вакцинација во текот на зимата, Израел дозволи странски тиристички групи да дојдат во земјата во мај, почитувајќи ги здравствените мерки. 

Меѓутоа, на 11 август, поради појавата на нов, повеќе заразен вид на делта на вирусот, бројот на новозаразени повторно нагло порасна, особено кај невакцинираните.

Минатата недела, кога започна учебната година, беа регистрирани околу 11.000 нови случаи на инфекција во еден ден. 

Тој број се намали во петокот, па дури и денес, беа регистрирани нешто помалку од 5.000 заразени лица, а имаше и помалку сериозни случаи, соопшти Министерството за здравство.

Министерството за туризам објави дека од 19 септември групи од пет до 30 туристи ќе можат повторно да го посетат Израел, освен од земјите што се на црвената листа.

Бразил, Турција, Бугарија и Мексико во моментов се на таа листа.

Министерството сѐ уште не објави кога туристите ќе можат да доаѓаат поединечно. Како што е наведено, нема да има ограничувања за бројот на странски групи што можат да влезат во Израел.

Во соопштението се додава дека од мај до август, околу 2.000 туристи влегле во Израел, претежно од Соединетите држави и Европа, но во тие групи не се пријавени случаи на ковид -19.

Туристите кои добиле втора доза од вакцината во изминатите шест месеци или имаат доказ за трета доза, сега ќе можат да влезат во Израел.

Израел е една од првите земји во светот што вакцинираше мнозинство од околу девет милиони луѓе, а во последните недели започна вакцинација со трета, зголемена доза за да се зајакне имунолошкиот одговор на луѓето вакцинирани пред повеќе од половина година. Повеќе од 2,5 милиони Израелци ја добија третата доза.

Премиерот на Израел, Нафтали Бенет, денеска апелираше да се биде внимателен и да се следат упатствата на лекарите додека се подготвува собирот на семејствата што започнува во понеделник во пресрет на еврејската Нова година, Рош Хашана, а особено за време на верските празници на Ден на покајание, Јом Кипур и Сукот.



Слично

Поврзани вести