БЕШЕ МИНИСТЕР ЗА КОМУНИКАЦИИ ВО АВГАНИСТАН, СЕГА Е ДОСТАВУВАЧ СО ВЕЛОСИПЕД ВО ЛАЈПЦИГ: Не се срамам, чесно работам и го учам јазикот
Откако во 2018
година ја напушти функцијата министер за комуникации, 49-годишниот Авганистанец
Сајед Садат, се пресели во Германија, каде што работи како доставувач на храна во градот
Лајпциг. Работи за компанијата „Лиферандо“, носи портокалова униформа и вози велосипед со кој најбрзо и најлесно
стигнува да ги достави нарачаните оброци.
Приказната за него ја објави Ројтерс, а во изјавата Сајед вели дека нема никаква причина да се срами.
-Се надевам дека и другите политичари ќе го следат истиот пат, ќе работат, наместо да се кријат. Јазикот е најважниот дел, го учам секој ден пред да ми почне смената. Колку повеќе излегувате, толку повеќе запознавате луѓе и повеќе учите, објаснува Садат.
Верува дека многу брзо ќе го совлада германскиот јазик и ќе има можност да работи во некоја телекомуникациска компанија.
