Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕШЕ ЕДНО ОД НАЈДОБРИТЕ МЕСТА ЗА ЖИВОТ: Зошто Мариупол е важен за Украинците?

БЕШЕ ЕДНО ОД НАЈДОБРИТЕ МЕСТА ЗА ЖИВОТ: Зошто Мариупол е важен за Украинците?

Мариупол е градот кој е скоро целосно уништен во воените дејствија во Украина. Како индустриски центар и пристанишен град, тој е многу важен за Украинците.

Мариупол е еден од десетте најголеми градови во Украина, и е најважниот индустриски и главен економски центар на земјата.  Во 2012 година, Владата го прогласи за еден од најудобните градови за живеење во земјата. Украинците велат дека градот нудел добри услови за живот.

„Образование, инфраструктура, болници, државни и приватни, фабрики, работа. Сега Русите го уништуваат Мариупол. Загинаа многу борци и цивили. Иако 30 години сме независни, не можеме да влеземе во НАТО и ЕУ, а не сакаме да сме под контрола на Русија“, вели Наталија Пантјохова.

Областа има и грчко малцинство. Друга Украинка која го напуштила градот раскажува дека во Мариупол имале просперитетен и среќен живот. Градот со паркови, театри, музеи и други знаменитости, сега е претворен во пепел, и ќе мора во нова средина да почнат нов живот од нула. 

„Мариупол стана многу перспективен и град во развој последните 5 години, младите престанаа да нè напуштаат, имавме сè, ѕвезди од цела Украина  дојдоа кај нас, нашиот град беше спонзориран од големи европски компании. Имавме сè и ниту еден полк од Азов не нè спречи да живееме“, вели Карина Бочкова.

Има и луѓе кои живеат во другите делови на Украина и никогаш досега не го посетиле Мариупол, но жалат за неговото уништување и не знаат каква судбина ќе има во иднина.

„Јас не сум од Мариупол и никогаш не сум бил таму. Но, тоа беше одморалиште и индустриски град на Азовското Море. Секако, тоа е важно за Украина. Mногу луѓе го посетуваа за да одмораат покрај море. Koга односите беа нормални, Русите и Белорусите беа чести гости во ресортите затоа што беше поевтино отколку во Русија, но сега е обратно, цените се повисоки од Москва. Во градот има големо пристаниште и една од најголемите челичарници. Сега градот е речиси уништен, многу луѓе загинаа и беа заробени“, вели Максим Варфоломеев од Полтава.

Лани Мариупол беше град на културата, и центар на многу збиднувања. Последните 5 години, значително  е унапредена туристичката понуда.

Градот на 1 јануари 2021 година имал 431.859 жители. Во март и април 2022 година, во голема мера е уништен за време на руската инвазија на Украина. Го нарекоа град херој на Украина „за одбивање на вооружената агресија на Руската Федерација против Украина“. Од март 2022 година, според Градскиот совет, 80 до 90% од зградите на градот биле оштетени.

Сања Атанасовска

foto Wikipedia/Mrpl.travel

Слично

Поврзани вести