Бернанке: Очекуваме нови правила за ликвидација на големите банки
И покрај знаците за заживување на пазарот на трудот во САД, стапката на невработеност треба уште да пача, сметаат претседателот на Федералните резерви (ФЕД ) , Бен Бернанке и уште двајца врвни централни банкари , пренесува Ројтерс.
Коментарите веднаш беа протолкувани како пако поддршка за продолжување на масивните парични стимулации на банките.Бен Бернанке најави и дека органите за финансиски надзор во земјата развиваат правила кои треба да обезбедат полесен начин за ликвидација на големите банки.
Според зборовите на претседателот на ФЕД , таков чекор ќе овозможи да се затвораат банки без хаосот каков што следеше по банкротот на инвестициската банка Lehman Brothers во 2008 година и доведе до светска финансиска криза . Друга важна цел на федерални резерви е ограничување на т.н. морален ризик.
Вчера американското Министерство за труд објави изненадувачки податоци дека во октомври биле создадени повеќе нови работни места , иако невработеноста се зголеми малку од 7,2 % до 7,3 % .
Бернанке сеуште смета дека работите одат „многу бавно " на пазарот на труд. За Денис Локхарт , претседател на Банката на федерални резерви во Атланта , и Џон Вилијамс , претседател на Банката на федерални резерви во Сан Франциско, задоволни се од оптимистичките резултати за пазарот на трудот во октомври.
„Ова е период во кој се јавуваат голем број необични нешта " , коментира Локхарт кој посочи дека поради оваа причина ќе се воздржи од избрзани заклучоци.
„Имаме уште долг пат " , вели Вилијамс кој додава дека ФЕД не смеат да ги повлекуваат стимулациите пред да бидат сигурни дека економијата ќе може да расте и без нив.
Слично
