Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бернаке смирува, нема ризик за американските инвеститори

Бернаке смирува, нема ризик за американските инвеститори
Претседателот на Федералните резерви (ФЕД) на САД, Бен Бернанке се обидува да ги смири стравувањата дека монетарната политика на институцијата носи голем ризик за економијата и инвестициите. Тој затоа имал и средба со повеќе инвеститори и економисти месецов, објави „Bloomberg“, повикувајќи се на извори присутни на средбата. Изворите на агенцијата, кои побарале анонимност поради приватниот карактер на форумот, посочуваат дека Бернанке ги отфрлил стравувањата дека ќе пукне инвестицискиот балон како што тврдат дел  од економистите што заговараат мерки спротивни на ФЕД. На средбата било посочено и дека загрижува трендот на поскапувањето на земјоделското земјиште и кај компаниите со специјална инвестициска цел. Намалените приходи од инвестициските обврзници исто така биле означена како потенцијален проблем. Берзите во САД се повлекоа изминативе два дена, поради шпекулациите дека ФЕД може да ја забави својата програма за откуп на обврзници. Шпекулации за одложување на програмата се појавија откако на 20 февруари централната банка објави што било разговарано на последната средба во јануари. Голем број од учесниците на средбата која се одржа од 29 до 30 јануари,  изразиле загриженост за случувњата во американската економија. Во реакциите стои и дека дел од учеснците истакнале дека ако купување на обврзници продолжи, тоа може да доведе до ситуација пазарните трендови  да ја поткопаат финансиската стабилност.  
Слично

Поврзани вести