Берлускони: Путин е број 1, Крим се оддели демократски
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони го оцени рускиот претседател Владимир Путин како најдобар политичар во светот. Во неделата, во говорот во Северна Италија, тој изјавил дека украинскиот полуостров Крим целосно легално се одвоил и преминал кон Русија.
Во почетокот на месецот Берлускони го посетил црноморскиот полуостров како највисокиот западен политичар кој го направил овој чекор. Поради тоа и неговата позиција во конфликтот со властите во Киев објавија дека тој не е пожелен на украинска територија во наредните 3 години.
Тој често ги критикува западните санкции, вклучувајќи дека и нанесуваат штета на бизнисот во Европа.
Берлускони изјавил во својот говор дека „87% од Кримските граѓани гласаа и 93% од нив се изјасниле за отцепување од Украина, гласаа да станат автономна република, гласаа да станат дел од Руската Федерација“.
„Треба да се види љубовта, благодарноста и пријателско чувство со кое го пречекуваат Путин“ во Крим, додал тој и го нарече рускиот претседател светскиот политички лидер број 1.
„Жените му се фрлаат во прегратки со зборовите „Ти благодариме, Владимир. Ти благодариме, Владимир“, изјавил уште 79-годишниот Берлускони, кој има старо пријателство со Путин.
Експремиерот доминираше на италијанската политичка сцена две децении, но сега има сериозен проблем со сопствената партија, која се распаѓа. На неколку бранови во последните недели „Форца Италија“ беше напуштена од пратениците и лидерите. На митингот во Бреша во неделата, тој изјавил дека од овој ден започнува со „моето враќање на политичката сцена“.


