Берлускони осуден на 7 години затвор, Руби му ја уништи политичката кариера
Миланскиот суд ја донесе пресудата за неодамнешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони заработи седум години затвор. Тој беше обвинет дека ја злоупотребил својата моќ за да прикрие дека платил за секс со малолетна девојка.
Исто така беше обвинет дека платил за секс додека беше премиер во 2010 година поради аферата која ја нарекоа „Рубигејт“, по младата Мароканка Карими ел-Маруг - Руби, која беше малолетна, а 76-годишниот Берлускони ја донесол на своите познати „бунга-бунга“ забавите во неговата вила.И тој и Руби негираат дека имале сексуални односи.
Судот исто така му пресуди Берлускони да неможе до крајот на животот да извршува државни функции. Судскиот процес започна во април 2011 година, а сега поранешниот премиер може да се жали до Апелацискиот и Врховниот суд на Италија.
Берлускони претходно ги негираше сите обвиненија и тврдеше дека е прогонуван од левичарските обвинители.
