Економија, финансии, бизнис

Контакт

Берлин – сигурно засолниште за Грците!

Берлин – сигурно засолниште за Грците!
Расте бројот на Грци кои купуваат недвижен имот во Германија, пишува весникот „Етнос“. Во статијата се вели дека Берлин се претворил во безбедно засолниште за бизнисмени и пензионери од земјите што се погодени од должничката  криза, како што е Грција. Лани,  стотици Грци, главно оние со мали бизниси, купиле недвижен имот во Германија. Повеќето од нив се пензионери и претприемачи, кои купуваат имоти со цена од 80.000 до 150.000 евра. Дел од Грците кои купуваат куќи во Берлин биле и семејни луѓе со деца, кои студираат во Германија, а на кои им е подобро да купат стан Берлин место да плаќаат високи цени за изнајмување, а потоа се надеваат дека по четири-пет години ќе можат тие имоти да ги продадат по поволни цени. Како што пишува весникот, голем е бројот и на богатите Грци кои трошат милионски суми за недвижности во Германија.
Слично

Поврзани вести