Економија, финансии, бизнис

Контакт

Берлин нема да гони поддржувачи на Ѓулен

Берлин нема да гони поддржувачи на Ѓулен
Берлин одговори негативно на барањето на Турција да гони „ѓуленисти“. Турција сака да го прошири прогонот по обидот за пуч во земјата кон Берлин и да влијае врз политиката на градот. Ова го тврди градоначалникот на Берлин, Михаел Милер во неделниот број на весникот „Билд“. Тој вели дека Турција понудила на одговорни претставници на градските власти активно да се противат на поддржувачи на имамот Фетхулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на обидот за преврат на 15 јули. „Турски владин претставник се сврте кон мене и јас бев прашан дали би биле подготвени да се спротиставиме на движењето на Ѓулен во Берлин и, ако е потребно, да поддржиме мерки против него. Јас ја отфрлив идејата и дадов јасно до знаење дека турските конфликти не можат да се водат во нашиот град“ - вели  Милер. Премиерот на Турција,  Бинали Јилдирим вчера изјави дека вкупно 81.494 луѓе, меѓу кои судии, војници и државни чиновници, се суспендирани или отпуштени по обидот за државен удар.  Се работи за луѓе вработени во армијата, судството, образованието и медиумите. Обидот за пуч беше насочен за уривање на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган од власт.
Слично

Поврзани вести