Берлин ја предупредува Русија
Русија мора да се воздржи од било какво дејствување кое би резултирало со панатамошна ескалација на кризата во Украина, вели портпаролот на германското Министерство за надворешни работи.
Како што пренесува Ројтерс, портпаролот на германското МНР рекол дека Германија бара најголема можна транспарентност и ја повикува Русија да се воздржи од било какви чекори кои би довеле до понатамошна ескалација на кризата во Украина - што би можела да биде комбинација на изведување воени вежби и концентрација на војската.
Премиерот на Полска Доналд Туск оцени дека во последните неколку денови е зголемена опасноста од дирекни воени интервенции на Русија во Украина.
Слично
