Економија, финансии, бизнис

Контакт

Берлин и ЕК разговараат за европски данок на солидарност поради бегалците

Берлин и ЕК разговараат за европски данок на солидарност поради бегалците

Германската влада и Европската комисија одржуваат неофицијални разговори за европски солидарен данок кој треба да помогне за покривање на трошоците за справување со приливот на бегалци и имигранти. Ова го пишува германскиот весник „Sueddeutsche Zeitung“ без да се повикува на извори.

Според весникот парите можат да бидат собирани преку дополнителен надомест на акцизите за гориво или преку зголемувањето на ДДВ.

Со седиште во Минхен весникот додава дека дополнителните средства од данокот за солидарност ќе бидат искористени за поддршка на земјите членки на ЕУ, претежно Шпанија, Италија, Грција и Бугарија, за да ја осигураат безбедноста на границите. Исто така средствата ќе бидат искористени и за подобрување на условите за живот на бегалците во нивните земји, и за да ги охрабри да останат во земјите.

Прашањето за износот на данокот се уште е отворено и зависи од трошоците, додаде весникот.

Слично

Поврзани вести