Берлин го забрани собирот за поддршка на Палестина
Собирот на солидарност со палестинскиот народ, планиран во Берлин, главниот град на Германија, не е дозволен од безбедносни причини, јави Анадолија.
Берлинската полиција соопшти дека „собирот планиран во различни берлински области во знак на солидарност со Палестина и маршот на иста тема, како и сите настани што ги заменуваат, се забранети бидејќи претставуваат закана за јавната безбедност и ред. “, пренесува Танјуг.
Соопштено е дека полицијата ги известила организаторите на средбата. Различни пропалестински платформи како „Палестина зборува“ и „Палестински акционен комитет“ повикаа на демонстрации во Берлин.
Слично
