Берлин: Германија нема да стапи во воен сојуз со Русија во борбата против Исламска држава
Берлин и Москва нема да соработуваат во борбата против "Исламска држава".
Ова го изјавил шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел Петер Алтмаиер, цитиран од РИА "Новости".
"Ние нема да стапиме во воен сојуз со Русија во борбата против Исламската држава", рече Алтмаиер во интервју за списанието Spiegel.
Тој додаде дека ниту Германија, ниту ЕУ ќе соработува со претседателот на Сирија Башар Асад или со сириската армија, чии дејствија, според Берлин, ги принудија стотици илјади Сиријци да ги напуштат своите домови и да заминат за Европа.
Слично
