Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕРЛИН Е НА ВРВОТ: Ова е листата на градови со најдобар јавен превоз

БЕРЛИН Е НА ВРВОТ: Ова е листата на градови со најдобар јавен превоз

Јавниот превоз во германскиот град Берлин на туристите им го „го олеснува животот“ и е прогласен за најдобар во светот.  Го опишале како сигурен, удобен и безбеден. 

Магазинот „Тајм аут“ ја претстави листата од 19 градови во светот со најдобар јавен превоз.

Благодарение на паметните телефони и различните апликации кои помагаат, навигацијата по улиците на странските градови е полесна, а за многумина нивното користење е првиот чекор при пристигнувањето на нова дестинација.

Сепак, без нив, навигацијата по локалните автобуски или железнички линии може да биде доста предизвик, па Time Out, со помош на локалното население, ги пронајде 19-те градови во светот со најдобар јавен превоз.

Топ 19 листата ги вклучува следните градови: 

Берлин

Прага

Токио

Копенхаген

Стокхолм

Сингапур

Хонг Конг

Тајпеј

Шангај

Амстердам

Лондон

Мадрид

Единбург

Париз

Њујорк

Монтреал

Чикаго

Пекинг

Мумбаи

Слично

Поврзани вести