Економија, финансии, бизнис

Контакт

Берлин - возачот на автомобилот кој покоси толпа народ се обидел да избега

Берлин - возачот на автомобилот кој покоси толпа народ се обидел да избега

Лицето кое влета во толпа народ во Берлин, најверојатно се обидело да избега од местото на настанот, пренесуваат дел од медимите. 

Како што пишува српски „Курир“, возачот на сребрено „рено“ удрил во неколку луѓе, а потоа продолжил да вози и завршил во излог, по што се обидел да избега од местото. Сепак, луѓе кои се нашле на местото на настанот го задржале и бил уапсен. 

- Според Билд, човекот кој го управувал сребреното „рено“ се обидел да побегне, но случајни минувачи го спречиле и го предале на полицијата - пишува „Курир.рс“. 

Потсетуваме, најмалку едно лице загина, а околу 30 се повредени откако автомобил влета во толпа луѓе во близина на црква во Берлин.

Возилото влеталот дирекно во толпата народ пред стоковната куќа во Ранкештрасе во Шарлотенбург, Берлин.


Дополнителни информации за сторителот не се веднаш достапни, пренесува британски Мирор.

Германската полиција потврди дека осомничениот сега е во притвор. Се уште не е јасно дали несреќата била намерна или сообраќајна несреќа. Германската полиција потврди дека осомничениот е маж.


На терен има неколку полициски патроли со тешка опрема, а испратен е и спасувачки хеликоптер.


Фото: Принскрин/Инстаграм

Слично

Поврзани вести