Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бербок вели дека и идното лето на Украинците ќе им треба оружје

Бербок вели дека и идното лето на Украинците ќе им треба оружје

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок изјави дека војната во Украина може да трае со години и дека поради ова нејзината земја мора да продолжи со вооружена помош за Киев.

Вели дека и следното лето Украина ќе има потреба од оружје од пријателите. Вети дека додека е потребно ќе ги помагаат Украинците. 

Бербок го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека имал „луда идеја“ обидувајќи се да ја окупира Украина за кратко време, што не се оствари. Таа го поддржа барањето на Украина за враќање на Крим.

„Нелегалната анексија во 2014 година никогаш не беше призната од светот“, подвлече Бербок.

Таа сепак предупреди дека и Германците ќе трпат штети. САД и повеќе европски земји донираа тенкови, дронови и друга опрема за Украина. 

Слично

Поврзани вести