Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бербок: Санкциите кон Русија остануваат, дури и Германците да излезат на улица

Бербок: Санкциите кон Русија остануваат, дури и Германците да излезат на улица

Аналена Бербок, министерката на Германија за надворешни работи, порача дека нејзината земја мора да ја поддржи Украина, па дури и по цена тоа да значи излегување на Германците масовно на улица поради растечките цени на енергенсите.

– Ако им ветам на луѓето во Украина – ние сме со вас додека сме ви потребни – тогаш сакам тоа и да го исполнам. Без оглед на тоа што моите германски избирачи ќе помислат, јас сакам тоа да му го понудам на украинскиот народ, рече шефицата на германската дипломатија.

Истовремено таа најави дека санкциите против Русија ќе останат на сила и во зимскиот период, кога се очекува незадоволството на граѓаните уште повеќе да нарасне. 

– Сега се соочуваме со зимата, кога ќе бидеме предизвикани како демократски политичари. Луѓе ќе излезат на улица и ќе кажат: Не можеме да ги платиме нашите цени на енергенсите. А јас ќе речам: Да, знам, ние ќе ви помогнеме со социјални мерки. Но, не сакам да одговорам: Океј, тогаш ги запираме санкциите против Русија. Ние ќе бидеме покрај Украина, а тоа значи оти санкциите ќе останат и зимата, дури и да им биде многу тешко на политичарите, додаде таа..

Изјавите на Бербок која доаѓа од редовите на Зелените предизвикаа бројни критики од десничарската Алтернатива за Германија и левичарски партии, кои реагираа дека и се поважни повеќе украинските одколку германските граѓани. 


Слично

Поврзани вести