Економија, финансии, бизнис

Контакт

Белгиските работници работат повеќе од пола година за државата, а дури потоа за себе

Белгиските работници работат повеќе од пола година за државата, а дури потоа за себе
Белгија има највисоки даноци на работата во Европската унија, покажа истражувањето на консултантската куќа Ернест и Јанг. Работодавачот во Белгија треба да плати 2,31 евро, за работникот да добие 1 евро нето плата. Во Хрватска на пример, едно евро за работникот носи трошок од 1,67 евра за работодавачот, а на Кипар, работодавачот плаќа само 1,20 евра. Просечната реална стапка на данок на платата на работниците во ЕУ изнесува 45,27% од бруто платата. Ова претставува зголемување во однос на 2013 година, кога реалната стапка на данок изнесувала 45,05%. Реалната даночна стапка вклучува социјални придонеси, данок на доход и данок на додадена вредност. Според оваа пресметка, просечниот белгиски работник за даноци во текот на годината мора да работи од 1 јануари до 6 август, па по тој датум да работи за себе. Во Хрватска пак, еден работник за даноци работи до 13 јуни, а во Кипар до 21 март. Но, во истовреме, во Белгија е највисока и просечната бруто плата - 61.122 евра годишно , од кои за работникот остануваат 26.499 . По Белгија, највисоки се платите во Луксембург- 58.952 евра ( 36.609 нето) и Шведска со 32.769 евра нето. Најниска бруто плати имаат Бугарите, 4.454 евра ( 2.975 нето) и Романците 7.539 евра (4.116 евра нето).  
Слично

Поврзани вести