Економија, финансии, бизнис

Контакт

Белгиските граѓани сакаат затворање на државните граници

Белгиските граѓани сакаат затворање на државните граници

Осум од 10 Белгијци не се изненадени од атентатите во Брисел и очекуваат нови терористички напади.

Ова го покажуваат податоците од социолошкото истражување, претставено во локалните медиуми.

Секој втор инсистира границите да бидат затворени за бегалци, за да биде скратен патот на терористите кон Белгија. Медиумите јавуваат дека при проверката на над 12 илјади барања за азил во земјата се пресретнати 37 мигранти, најверојатно поврзани со „Исламска држава“(ИД).

Истражувањето покажува дека мнозинството Белгијци доживуваат повеќе гнев отколку страв покрај нападите. Повторно побројни се оние според кои белгиската држава е виновник за нападите со Погрешната политика за инклузија на имигрантите од неевропско потекло. Мнозинството, особено кај образованите, е на мислење дека државата не е во можност да ги детектира терористите и да ги прочита нивните намери. Седум од 10 анкетирани коментираат дека неуспехот не е во службите, туку во државниот врв.

Половина муслимани и 60 отсто од останатите Белгијци немаат намера да го променат начинот на живот по терористичките напади.

Малку над половина Белгијци го поддржуваат воведувањето на зголемени мерки за безбедност, дури и ако тоа е на сметка на личните слободи, иако според 70 проценти тоа не би помогнало за спречување на нови напади. Вкупно 80 отсто сакаат да се направи сè што е можно, за враќање на редот.

Девет од 10 анкетирани се убедени дека треба да биде направено се да не се паѓа во стапицата на Исламска држава, која цели кон поделба во општеството. Вкупно 36 проценти се на мислење дека муслиманите се виновни за теророт, а 33 отсто мислат дека муслиманите се жртви. Осум од 10 се на мислење дека ИД сака да забие клин меѓу муслиманите и другите луѓе во општеството.

Слично

Поврзани вести